УПАТСТВО ВО ПАКУВАЊЕТО: ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСНИКОТ
BIOTRINA® / БИОТРИНА
20 ml капки за перорална употреба
Пред употреба на БИОТРИНА внимателно прочитајте го упатството бидејќи содржи важни информации за Вас.
Овој граничен производ се издава без рецепт. И покрај тоа, треба да го употребувате претпазливо за да Ви биде од корист.
- Чувајте го упатсвото. Можеби повторно ќе треба да го прочитате.
- Советувајте се со Вашиот фармацевт за дополнителни информации.
- Доколку забележите несакана појава којашто не е наведена во оваа упатство, Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт.
- Ако симптомите на Вашата болест не се подобрат, тогаш мора да појдете на доктор.
Упатството за употреба на граничниот производ содржи:
- Што претставува и за што се употребува овој граничен производ
- Податоци кои треба да се знаат пред употребата на граничен производ
- Податоци за правилна употреба на граничен производ
- Податоци за можни несакани дејства на граничен производ
- Податоци за чување и рок на употреба на граничен производ
- Дополнителни податоци за граничен производ
- Што претставува и за што се употребува БИОТРИНА
Биотрина® е граничен производ во форма на перорални капки со внимателно избалансирана формула. Капките Биотрина® содржат лактоферин, витамин Б6 и витамин Б12.
Лактоферин е гликопротеин со силен афинитет за врзување на железо. Тој е од семејството на трансферин и има две места за врзување за железни јони (Fe3+). Доминантно се наоѓа во млекото и колострумот (првото млеко) кај цицачите, како и во секретните течности како што се плунката и солзите. Лактоферинот е главен носител и резервоар на железо во хуманото млеко и преку него доенчињата го добиваат неопходното количество на железо неопходно за нивен раст и развој. Преку лактоферин мајката ја пренесува сопствената одбрана на имунолошкиот систем на своето дете што ќе го заштити во првите неколку месеци од животот
Како мултифункционален протеин освен што влијае на хомеостазата на железото тој има големо антимикробна, имуномодулаторно, антиифламаторно и антитуморско дејство.
- Антимикробната активност е во корелација со неговиот афинитет за Fe3+ и неговиот зголемен капацитет да се натпреварува против микроорганизмите зависни од железо, покрај неговото директно дејство на надворешната мембрана на бактериите.
- Имуномодулаторно дејство на лактоферинот се манифестира преку делување на Б-лимфоцитите (антитела), како и на Т-лимфоцитите, овозможувајќи нивна навремена и силна реакција на инфективниот агенс. Исто така, го зголемува бројот на NK-клетки, таканаречените клетки убијци, кои се одговорни за директно отстранување на патогените од телото. Кога е неопходно да се зајакне имунолошкиот одговор, како што е случајот со инфекциите, лактоферинот има способност да го активира целиот одбранбен систем. Спротивно на тоа, кога имунолошкиот систем е премногу активен, како во случај на алергиски и атопични реакции, лактоферинот има способност да го смирува имунолошкиот одговор.
- Антиинфламаторно дејство на лактоферинот е во тоа што има одлична способност да го намали производството на штетни цитокини и со тоа да ги смири воспалителните процеси.
- Денес, голем број клинички студии ја потврдуваат антитуморната активност на лактоферин. Од една страна, самиот лактоферин покажува силен биолошки ефект врз превенцијата на ракот, особено цврстите малигни тумори. Од друга страна, додавањето на лактоферин во постоечките хемотерапии ги подобрува нивните цитотоксични и антитуморни ефекти, истовремено обезбедувајќи заштита на здравите ткива.
Витамин Б6 придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.
Витамин Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.
- Податоци кои треба да се знаат пред употребата на БИОТРИНА
Капките Биотрина® не содржат глутен.
Додатоците во исхраната не се наменети како замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот.
Не земајте го овој производ ако сте алергични или преосетливи на некоја од неговите состојки.
- Податоци за правилна употреба на БИОТРИНА
Биотрина® капките се наменети за перорална употреба (преку уста). Се препорачува да се зема 1 ml на ден, освен ако не е поинаку назначено од лекар.
Капките Биотрина® се наменети за сите возрасти и можат да се користат од раѓање.
Погодни се за повеќемесечна континуирана употреба.
- Податоци за можни несакани дејства на БИОТРИНА
Не се пријавени никакви несакани дејства при употреба на Биотрина.
- Податоци за чување и рок на употреба на БИОТРИНА
Капките Биотрина® треба да се чуваат на ладно и суво место во оргинално пакување.
Производот треба да се чува вон дофат на деца под три години!
Не ги употребувајте капките Биотирна® по датумот на истек на рокот на употреба, наведен на пакувањето. Датумот на истекот на рокот на употреба на рокот се однесува на последниот ден од тој месец.
Производот може да ја промени бојата и вискозноста поради природата на неговите состојки, но тоа нема да влијае на неговиот квалитет или интегритет.
- Дополнителни податоци за БИОТРИНА
Што содржи граничниот производ:
- Лактоферин
- Витамин Б6 (pyridoxine hydrochloride)
- Витамин Б12 (cyanocobalamin)
- Глицерол
- Фруктоза
- Арома
- Калиум сорбат
- Вода
Изглед на граничниот производ и големина на пакувањето
Капките Биотрина се спакувани во стаклено шишенце од 20 ml.
1 ml Биотрина содржи 100 mg лактоферин, 1,4 mg витамин Б6 и 2,5 µg витамин Б12.
Кутијата содржи 1 стаклено шишенце од 20 ml и упатство за корисникот.
Начин на издавање на граничниот производ
Граничниот производ може да се издава и/или да се продава без рецепт (БР).
Носител на одобрение за ставање на граничниот производ во промет
ФАРМА ПРО ДООЕЛ Богданци
Ул. Дојранска Бр. 64, Богданци
Богданци, Република Северна Македонија
тел.: +389 78 763 687
Производител на граничниот производ
BIOTRADING S.R.L.
VIA LUNGOMARE BOEO 24
91025-MARSALA,(TP)
ITALIA
Број и датум на уписот во Регистарот на гранични производи
12-4519/2 од 26.04.2024 година